Во YES International School нудиме динамични и внимателно осмислени курсеви по англиски и германски јазик, прилагодени за ученици од сите возрасти и нивоа.
🇬🇧 Курсеви по англиски јазик
- Ран англиски (4–5 години) – Преку песни, игри и раскажување, децата учат природно
- Млади ученици (7–12 години) – Зголемување на вокабулар, граматика и говор
- Тинејџери и училишна поддршка – Подготовка за испити и практична употреба
- Возрасни (општ и деловен англиски) – Подобрување на флуентност, комуникација и академски успех
- Подготовка за Кембриџ испити – (YLE, PET, FCE и др.)
Посебни дополнителни материјали и курсеви за адаптација во странска земја:
– Математика на германски / англиски јазик.
– Општо запознавање со земјите (посебни материјали поврзани со култура, географија, обичаи и традиции).
– Недели на готвење каде се готват традиционални јадења од земјите каде што се говори јазикот.
– Организирање на летни кампови надвор во Републиката (Германија и Англија) и во Република Македонија.
– Посебно креирани игри за совладување на знаењето и вежбање на говор.
– Голем број на работилници поврзани со јазикот.
– Интерактивност и практично учење: Нашите активности не само што ги подготвуваат учениците да зборуваат на странски јазик, туку и да ги разберат културните различности и да се адаптираат на новите општества.
– Активности за мотивација и ангажман: “Менторски програми” , “Групни проекти” каде учениците можат да работат заедно и да се поддржуваат во учењето.
– Специјални работилници и јавни настани: работилници кои може да бидат отворени за јавноста, како што се: Јазични клубови или кафе-средби на странски јазик” кои ќе создадат простор за учениците да практикуваат говор во опуштена атмосфера.