Во YES International School нудиме динамични и внимателно осмислени курсеви по англиски и германски јазик, прилагодени за ученици од сите возрасти и нивоа.
🇩🇪 Курсеви по германски јазик
- Германски за деца (6+ години) – Забавно и интерактивно учење
- Тинејџери и поддршка во училиште – Граматика, говор и културно запознавање
- Возрасни (општ и разговорен) – За патување, студирање или работа во Германија
- Подготовка за Goethe-Zertifikat – A1 до B2 нивоа
Посебни дополнителни материјали и курсеви за адаптација во странска земја:
– Математика на германски / англиски јазик
– Општо запознавање со земјите (посебни материјали поврзани со култура, географија, обичаи и традиции)
– Недели на готвење каде се готват традиционални јадења од земјите каде што се говори јазикот
– Организирање на летни кампови надвор во Републиката (Германија и Англија) и во Република Македонија
– Посебно креирани игри за совладување на знаењето и вежбање на говор
– Голем број на работилници поврзани со јазикот
– Интерактивност и практично учење: Нашите активности не само што ги подготвуваат учениците да зборуваат на странски јазик, туку и да ги разберат културните различности и да се адаптираат на новите општества
– Активности за мотивација и ангажман: “Менторски програми” , “Групни проекти” каде учениците можат да работат заедно и да се поддржуваат во учењето
– Специјални работилници и јавни настани: работилници кои може да бидат отворени за јавноста, како што се: Јазични клубови или кафе-средби на странски јазик” кои ќе создадат простор за учениците да практикуваат говор во опуштена атмосфера